Реконструкција на кровот и поставување на фотоволтаици придонесоа за помали сметки за струја и подобри услови

Со проектот под наслов „Зелена енегија за подобра иднина„ се реализираше реконструкцијата на кровната конструкција и поставување на фотоволтаичнни панели во детската градинка „Вера Циривири-Трена“ во Штип. Овој проект е од особено значење за градинката бидејќи придонесува за промовирање на зелена агенда, посочи градоначалникот Иван Јорданов

„Реконструкцијата на кровната конструкција и поставувањето на фотоволтаичните панели со кои што ќе се овоможи заштеда на електрична енергија. Промовирање на зелената агенда и нормално реконструкција на кровот кој што ќе овозможи во следна фаза реконструкција и на внатрешноста од самата детска градинка. И подобрување на условите на сите дечиња кои што се згрижени во рамки на оваа детска градинка.“ посочи Јорданов

Со поставувањето на фотоволтаичните панели се придонесува за заштита на околината а со тоа се подобрува и енергетската ефикасност вели словенскиот амбасадор Плесќар, проектот во себе предвидува едукативен дел во областа на штедењето на енергијата

„Навистина ми е мило што денеска го завршивме овој важен проект за општина Штип и за вашата градинка овде. Значи важно е затоа што поставувањето на фотоволтаичните панели најпрво ќе придонесеме за заштита на нашата околина и енергетската ефикасност како и намалувањето на трошоците на самата градинка. Исто така од друга страна овој проект го опфаќа и едукативниот дел за начините за чување на природата и штедење на енергијата, на ниво на општина и на ниво на вашата државата.„ вели Плесќар

Директорката Ангеличкова посочи дека овој проект е од големо значење за градинката, бидејќи благодарејќи на поставувањето на фотоволтаичните панели дошло до намалување на сметката за електрична енергија на градинката.

„Словенската амбасада несебично даде голем придонес за промена на кровот и кровната конструкција и поставување на фотоволтаиците. Ние како детска градинка сме многу благодарни и се надеваме дека заедничката соработка ќе продолжи затоа што верувајте промената е од голем фактор. Ни претставуваше и поставувањето на фотоволтаиците ни ја намали сметкат за електрична енергија. вели Ангеличкова

Градоначалинкот на општина Штип Иван Јорданов како и директорката на градинката Ивана Ангеличкова се надеваат дека ваквите соработки ќе продолжат во иднина Проектот е кофинансиран од страна на Република Словенија преку центарот за Меѓународна соработка и развој.

Лаура Стојанова, М-Нет