
Со свечена приредба и рецитал денеска беа пречекани идните првачиња во ООУ „Тошо Арсов“ во Штип. Насмеани лица, радосни деца, горди родители беше сликата на лице место. Со првото училишно ѕвонче дечињата го започнуваат своеото образование, трасирајќи го својот пат кон успехот.
Оваа година во петте основни училишта во Штип се запишаа околу 410 првачиња, бројка која е речиси идентична како и претходната година. Тоа значи дека ситуацијата со белата чума е стабилна, а тенденција на општината е посотојано да се подобруваат условите во училиштата и да се запишуваат поголем број првачиња.

„Општина Штип оваа година организираше прием на повеќе од 410 првачиња. Компаративно со претходната година се движи истиот број. Се надевам и посакувам секоја наредна учебна година да имаме поголем број на нови ученици“ – вели Јорданов.
На првачињата денеска им беа поделени маички, ранчиња и училиштен прибор од страна на Локалната самоуправа.
Лаура Стојанова М-Нет