
Да не се создава гужва пред полициска станица, турските студенти полесно и побрзо да ги добиваат своите потребни документи за престој во државата и студирање на УГД Штип. Денеска се одржа средба со СВР Штип, на која им се презентираа правата на турските студенти, но и се одговараше на нивни прашања. Праксата изминатиот период покажува дека пред СВР Штип се чекаше во редици за потребните документи, што преставуваше вистински проблем за студентите.
„До пред две до три години немавме никаков проблем со престојот. Студентите редовно за кратко време добивале дозволи за престој. Но, за жал од лани има проблеми, на пример со студенти кои задоцниле со престојот и не успеале да добијат престој па биле и депортирани“ – вели Челик.
Околу 500 турски студенти има на УГД Штип, но дел од нив не успеале да ги положат сите предмети, а друг дел пак биде депортирани бидејќи немале навремено документи за престој во државата.
„Има некаде околу 500 студенти, активни студенти, но некои кои не успеале да ги полагаат потребните испити се откажаа. Некои од нив биле и депортирани и очекуваме тие студенти да се вратат назад на УГД Штип“ – додава Челик.
Целта на ваквите средби е да им се помогне на странските студенти навремено да добијат лични карти, дозволи за престој, како и да ги решат проблемите со иднексот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет