Реконструирано спортското игралиште при ПОУ „Тошо Арсов“ во населба Македонка во Штип

Целосно е уредено спортското игралиште при подрачното основно училиште „Тошо Арсов“ во населбата Македонка во Штип. Претходниот период се постави тартан подлога, спортски реквизити, а игралиштето е целосно осветлено. Од Општина Штип се издвоени околу еден милион денари за реконструкција н аова игралиште, кое ќе им служи на децата од училиштето, но и на дечињата од населбата.

„Овде се постави тартан подлога на ова повеќенаменско спортско игралиште кое ќе овозможи посоодветни услови за час по физичко воспитување на дечињата од училиштето, но и на дечињата од оваа населба. Во рамки на Општина Штип обновата на спортските игралишта ќе продолжи и понатаму.“ – вели Јорданов.

Во наредниот период ќе се пристапи и кон реконструкција на тоалетите на училиштето, набавка на смарт табли и слично со цел подобри услови за учениците, но и наставниот кадар.

„Пред сѐ сакам да истакнам дека посебно се подобрија условите во ова подрачно училиште. Следниите активности кои се планирани се однесуваат на набавка на современи нагледни средства, како и реконструкција на тоалетите“ – вели Ангеловска.

Во меѓувреме се работи на уредување и подобрување на условите за настава во сите основни и подрачни училишта на територија на Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет