
Започна новата академска година за студентите, а се одржа и првиот академски час за новите бруцоши. УГД Штип оваа година започнува со околу 1500 студенти, од кои околу 350 се странски државјани.
„Универзитетот оваа година почнува со некаде околу 1200 студенти наши државјани и околу 350 странски државјани. Тоа се бројки кои по сите аспекти се задоволителни за нас. Се надевам дека ќе продолжиме да им нудиме високо квалитетно образование и да помагаме во професионалниот развој и во сите други активности“ – вели Мираковски.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, посочи дека ќе се работи на мотивирање на професорите со поголема плата, но се мотивираат и студентите со различни погодности. Целта е младите да продолжат со своето образование и работа дома во сопствената држава.
„На студентите работа е да учат, да се посветат на учењето, да бидат љубопитни. Работа на професорите е 100% да се посветат на своите студенти, да ги подучуваат и да им помагаат во истражувањето. Работа на Владата е да ги да поддржува и едните и другите“ – вели Јаневска.
Со зголемување на бројот на студенти на штипскиот универзитет се зајакнува развојот на градот – истакна градоначалникот Иван Јорданов. Додадва дека сите заеднички може да придонесат за зголемување на бројот на студенти кои понатаму со квалитетно високо образование ќе конкурираат на пазарот на трудот.
„Ќе се зголемува бројот на студенти на УГД и во нашиот град, а со тоа ќе се јакне развојот на нашиот град, но ќе се зголемува и квалитетот на високото образование со што се повеќе млади луѓе, едуцурани полни со знаење, искуство, ќе излезат на пазарот на трудот и да генерираат развој во нашето општество“ – вели Јорданов.
Своето задоволство не го сокрија и студентите на УГД, но и бруцошите кои започнуваат со студирање на овој универзитет.
Студирањето на УГД Штип нуди големи можности за студентите, нуди заење и можност за конкурираање на пазарот на труд.
Лаура Стојанова М-Нет