
17 борачи и 5 борачки на Балканец од Штип ќе бидат во состав на македонската репрезентација која во период од 3. до 6. октомври ќе учестува на Балканското првенство во Скопје.
Борачите на македонската репрезентација првиот дел од подготовките за физичка подготовка и кодиција го реализираа на планината Осогово. Потоа се продолжи со техничка-тактичка подготовка во матичниот клуб на душек.
Финалните подготовки се реализираа во Штип од страна на боречката федерација, каде се одржаат контролни борби.
Од Балканец во репрезентативниот пионерскиот состав до 15 години ќе настанат Лука Ананиев, Андреј Мишев, Никола Гичев, Зоран Шоров и Христијан Димитријев. Во кадетска репрезентација до 17 години ќе настапат Леон Манов, Муса Беслими, Фајик Мемедовски, Јован Стефанов и Тео Стојков.
Во младинска конкуренција до 20 години ќе настапат Стојанче Стојков, Стефан Стојков, Јован Атанасов, Мартин Јанинков, Дамјан Смилков, Андреј Трајчов и Тоше Горгиев.
Во женска конкуренција од Балканец ќе настапуваат Викторија Ѓурова, Бојана Ковачова, Мелани Митевска, Марија Цветанова и Анабела Данилова.
Тренери во составот на македонската репрезентација се Бобан Данов и Мики Тодоров.
Александар Ванев, М-Нет