
Наредата година ќе се покачи судетскиот оброк, посочи денеска од Штип, министерката за образоваие и наука, Весна Јаневска. Посочи дека во зависност од тоа како ќе се изгласа Буџетот ќе се знае и колку ќе биде покачувањето. Дополнително додаде дека се работи на реконструкција на студентските домови во државата.
„Во Буџетот за следната година 2025 предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека веќе во фаза на реконструкција се два дома во Скопје, но се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширум земјава. Зголемен е обемот на стипендии им удоволивме на барањата на студентите, променивме неколку правилници, а тоа е и они кои имаат завршено со 180 кредити да можат да аплицираат за постдипломски студии.“ – вели Јаневска.
Во фаза на дискусија се и разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука(СОНК) и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министрите во Владата на Република Северна Македонија.
„Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите“ вели Јаневска.
Целта е да се мотивираат и студентите и наставниците, со што ќе се зголеми и квалитетот на средното и високо образование.
Лаура Стојанова М-Нет