
Спортската сала „Парк“ во Струмица синoќа беше среќна за репрезентацијата на Македонија во Одбојка. Во рамките на првиот турнир од Сребрената лига на Европа македонската селекција беше убедлива и ја победи репрезентацијата на Кипар со резултат 3:0 а во сите три сета беше идентичен резултатот, односно завршија со 25:21. Во вториот натпревар Данска ја победи репрезентацијата на Израел со резултат 3:2 во сетови. Вечерва македонската селекција во вториот меч ќе се сретне со Израел а Данска и Кипар се вториот пар кој што ќе ги одмери одбојкарските сили. Без разлика на овие резултати македонската селекција ќе настапи на завршниот турнир кој ќе се одржи во Струмица на 5 и 6 јуни оваа година а Македонија ќе ја има таа привилегија бидејќи ќе биде повторно домакин во спортската сала Парк.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk