
Денес по подолга пауза продолжува натпреварувачката одисеја на борачите на Олимпија од Штип. Петмина борачи од овој клуб предводени од тренерите Гордан Николов и Кире Нисев отпатуваа за Бугарија каде што се поканети и ќе настапат на Меѓународниот Меморијален турнир „Ангел Гочев“.



Според информациите од членот на раководството на Олимпија, Марјан Атанасов овој респектабилен турнир ќе се одржи во градот Созопол и се одржува во чест и спомен на некогашниот врвен борач Ангел Гочев а неговите синови Сотир и Миро помеѓу останатите се бореа и за клубот Балканец од Штип. Во текот на утрешниот ден ќе се изврши задолжителното мерење и ќе ги дознаеме противниците во категориите на нашите млади борачи. Сите се во очекување на успешен настап на борачите на Олимпија со што би допринеле за афирмација на својот клуб, градот Штип и секако на Република Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk