
Одбојкарите на Штип УГД според планот лесно стигнаа до нова победа, откако со 0:3 во сетови ја совладаа екипата на Шкендија од Тетово со 15:25 во првиот сет, 10:25 во вториот и 9:25 во третиот сет.
Весна Пробиштип одигра драматичен меч со Сушево каде се одиграа пет сетови. Првите два сетови ги доби тимот од Пробиштип со 24:26 и 18:25. Потоа следуваа два сетови во кои Сушево беше подобар со 25:22 и 25:13 за 2:2 во сетови, а последниот сет го доби тимот на Сушево со 17:25.
Фаворитот Борец со 1:3 во сетови го доби тимот на Македонија Џио, Универзитет Тетово беше пресилен за Вардар со 3:0 во сетови, шампионот Струмица според планот стигна до нова победа откако со 1:3 славеше над Работнички гостински терен.
Лириа со 3:0 во сетови лесно се справи со тимот на Јанта Волеј за нов триумф.
Александар Ванев, М-Нет