КУП: Кошаркарките на Крива Паланка, Бадел, Вардар и Баскет Кам пресилни во четвртфиналето

Фаворитите во женскиот кошаркарски Куп на Македонија одиграа според планот во четвртфиналето и без проблеми патуваат во следната фаза од Купот.

Кошаркарките на Крива Паланка со високи и убедливи 95:68 го декласираа тимот на Струга. Квалитетот и фавортската улога беше на страна на Крива Паланка која без проблеми ја елиминираше Струга.

Бадел со 78:54 беше подобар од МЗТ Скопје Аеродром со што тимот на Бадел патува во следната фаза од Купот на Македонија во женска конкуренција.

Вардар имаше највисока победа откако со 115:54 го декласираше тимот на Патриот од Делчево, а висока и убедлива победа однесе и тимот на Баскет Кам кој со 116:59 славеше над Спорт Тим од Неготино.

Александар Ванев, М-Нет