Од денес православните христијани го започнуваат големиот пост пред Велигден. Постот е Божјиот заповед, во поглед на храната Црквата има предвидено што треба да јадеме во одредени периоди и денови. Секој не треба да постапува според своето мислење, туку да се посоветува со својот свештеник. Суштината на постот е да го смириме телото и особена важност има и духовниот пост, да го смири нашето срце и нашиот ум. Да се оттргне од лошите мисли, навики и дела. Овој пост го утврдила Светата Православна Црква.
„Овој пост е да се смири нашата душа, да ги оттргнеме лошите навики и дела. Бидејќи, ако самите не се покаеме за нашите грешки постот нема да е од никаква важност. Секој од нас го заслужува Царството Небесно. Изјавува, Јанев
Надица Стојковска/ М Нет
Дарко Лазев/ М Нет