Нова, трета по ред победа на штипските одбојкари, а девојките загубија во Штип

Променлив беше успехот на суперлигашките штипски одбојкарски екипи во изминатиот викенд. Момците на Штип УГД одиграа извонредно и соема заслужено остварија победа против лидерот на табелата во оваа група екипата на Шкендија од Тетово. Штипските „студенти“ остварија победа изразена со резултат 3:1 или по сетови ( 25:21) ; ( 26:24) ; (23:25) ; (25:14), што беше трета нивна победа по ред.

Девојките на УГД Студент беа примерни домакинќи и им ја отстапија победата на гостинските од Скопје. УГД Студент загуби со максимален резултат од 0:3 од екипата на Јанта Волеј Форца или по сетови (12:25) ; (21:25) ; (23:25) .

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk