Од деенска започна со реализација сонот на штипјани, изградба на брана на река Отиња

Деценискиот сон на штипјани за изградба на брана на река Отиња полека станува реалност. Денеска на почетокот на изградбата на браната присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот, претходниот и сегашниот градноачалник на Општина Штип, министри, пратеници, советници и директори на јавни претпријатија и институции. Штипјани чекале со години наназад за овој, сон според Заев остануваат само уште две ипол години.

Задоволството не го сокри и вицепремиерот Љупчо Николовски, кој во отпочнувањето на проектот за изградба на брана на река Отиња беше Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Придобивките за изградба на оваа брана се многубројни и доста значајни за штипјани но и за граѓаните од Истокот и регионот. И покрај негативните и песимистички мислења кои се добивале претхоно, Бочварски посочи дека со поддршка и работа успеале да стигнат до денешниот почеток на изградба на брана на река Отиња.

Нови моменти за уживање и рекреација покрај брана на река Отиња најави и актулениот градоначалник на Штип, Сашко Николов, псоочувајќи дека од денеска започна да се буди заспаната убавина во градот под Исарот.

Овој проект е со инвестициона вредност од 306 милиони денари средства обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, а се очекува да заврши за две до две ипол години.

Лаура Стојанова М-Нет