Овче Поле изби на врвот, Балкан е втор, но сега штипски Мал Ајакс е на третото место во Втората футсал лига!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Промени во врвот од табелата во Втората футсал лига или поточно промена на местата кои водат кон директен пласман во Првата лига.

Штипски Мал Ајакс го загуби лидерското место, откако беше поразен со 8:2 од СЕЕ Университи со што сега Мал Ајакс е на третото место на табелата или надвор од зоната за влез во Првата лига.

На врвот изби Овче Поле откако ланскиот прволигаш со 7:3 го доби дербито со Кораб на домашен терен и со тоа тимот од Свети Никол е нов лидер во Втората футсал лига на Македонија.

Екипата на Балкан исто така забележа победа над Партизан Југ од Брвеница со 9:4 и со тоа тимот е на второто место на табелата, со ист број на бодови како и Овче Поле односно 40. Првите две места водат директно во Прва лига, а пак Мал Ајакс е на третото место со 39 бодови и сега го очекува повеќе од неизвесна битка за влез во Првата лига, со што ќе нема право на грешки, а ќе треба притоа да се надева некаде да погрешат водечките Овче Поле и Балкан.

Највисока победа од 21:2 забележа Каршиака над Победа, екипата на Карадаку загуби од Кратово со 6:9.

Александар Ванев, М-Нет