Радовиш загуби и од Борец ФЛ – сега го очекува тешка борба за опстанок, шампионот го доби Охрид, Вардар не виде мака за Бутел

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Радовиш со втор пораз во плеј-аутот на ракометната Суперлига откако загуби на гостувањето кај Борец ФЛ во Велес со 31:24 во меч каде велешани беа далеку подобри на теренот, особено во вториот дел од мечот кога разликата постојано се зголемуваше.

На полувреме домаќинот имаше предност од 15:9, а во вториот дел предноста започна значително да се зголемува откако дојде и до највисоки плус денес при 20:10, со што радовишани предводени од тренерот Игор Котевски тешко можеа да се вратат во игра и загубија со 31:24.

Најдобар кај Борец ФЛ беше Миланов со 12 гола, кај Радовиш беше илиев со 7 гола.

Прилеп на домашен терен забележа важна победа од 23:20 над Пролет, во меч каде првото полувреме беше сиромашно од аспект на голови само 9:6. Најдобар кај Прилеп беше Бикоски со шест гола, кај Пролет се истакнаа Андовноски и Мајнов со по пет гола.

Струга забележа многу значајна победа во битката за директен опстанок, откако стружани дома го добија Куманово со 26:24, каде Ристиќ беше најдобар кај домашниот тим со осум гола, а кај гостинот се итакна Димевски со пет гола.

Во рамки на второто коло на плеј-офот Вардар не виде мака и забележа нова победа откако со 26:35 го доби Бутел. Николов со 12 гола се истакна кај Бутел, а кај Вардар со девет гола најдобар беше Маргхели.

Алкалоид во Автокоманда со 34:27 забележа победа над Тиквеш после поразот од Вардар. Мартин Серафимов и Дамјан Митев со по шест гола се истакнаа кај тимот на Кирил Лазаров, кај гостинот од Кавадарци се истанаа Ани Обина и Игор Кривокапиќ.

Шампионот Еурофарм Пелистер се намачи во „Билјанини Извори“ за да го доби Охрид кој пружи силен отпор, откако мечот го соби со 23:26, а во првиот дел битолани имаа само гол предност од 11:12.

Силен отпор даде Охрид кој веќе гради конкурентен тим и од следната сезона ќе се вмеша уште посериозно не само за Европа туку и за титула. Најдобар кај Охрид беше Сафранко со седум гола, кај шампионот најпрецизен беше Кузмановски со 12 гола.

Во плеј-оф табелата Еурофарм Пелистер е прв со седум бодови, Вардар е втор со шест бода, Алкалоид е трет со четири бодови, Охрид е четврти со три бода, Тиквеш е петти со еден бод, на дното е Бутел без бодови.

На плеј-аут табелата на првот е Прилеп со шест бода, Пролет е втор со пет бода, трет е Куманово со четири бодови, Борец ФЛ е четврти со три бодови, а толку има и Струга која е петта или во бараж зоната за опстанок, Радовиш е на дното без бодови или во зоната за директно испаѓање.

Александар Ванев, М-Нет