
Боксерите на боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип забележаа одлични резултати во рамки на седмото коло од меѓународната лига „Опен Балкан“, кое се одржуваше во Лозница, Србија.
Штипскиот клуб забележа две победи од страна на боксерите Али Расимов и Иса Бајрам, додека пак Мухамед Мемедов, Марко Чурлиновски и Зулфиќар Бајрам загубија.
Тренерот Петре Чурлиновски за М Нет телевизија истакна дека можеше и до подобри резултати, но како што додава сепак овој настап за овие млади боксери е уште едно поголемо искусво кое треба да стекнуваат во иднина.
Боксерите на Пинк Пантер сега се подготвуват за следниот настап кој ќе го имаат во рамки на првото коло од екипното првенство на Македонија, а кое ќе се одржи во Штип во недела на 13 април.
Александар Ванев, М-Нет