Овче Поле домаќин на Рудар од Пробиштип, во Делчево соочување на Брегалница и Тиверија

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од осмото коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, а во рамки на истото слободна ќе биде екипата на Карбинци.

На Градскиот стадион во Свети Николе свое соочување ќе бидат Овче Поле и Рудар од Пробиштип, во меч каде Овче Поле ќе има фаворитска предност поради домашниот терен и поддршката од публиката и верните навивачи.

Во Зрновци ќе се одигра натпреварот меѓу домаќинот Светлост и гостинот Дојранско Езер од Дојран, додека пак Брегалница во Делчево ќе биде домаќин на екипата на Тиверија од Струмица.

Во Пирава ќе има дерби на Ударник и некогашниот прволигашот Хоризонт Турново, во меч каде ќе има голема борба на теренот за трите бодови, а пак на Градскиот стадион во Валандово ќе играат Победа и Малеш, а на овој натпревар екипата на Победа ќе биде голем фаворит во однос на гостинот од Берово.

Александар Ванев, М-Нет