
Со дефиле низ центарот на Штип и собир на градскиот плоштад, штипјани, но и сите симпатизери го поздравија новиот европски шампион во мотоциклизам Петар Мијалков.
Денес се возеше шампионскиот круг на Мијалков заедно со останатите моторџии кои допатуваат во Штип да го поздрават овој голем успех со кој Мијалков од следната сезона оди во шампионат од повисок ранг на натпреваување, а каде ќе има уште потешка конкуренција.
„Искрено да ви кажам ова е една од најтешките сезони до сега, јас имам три сезони, мојата кариера е тригодишна. Но, ова сезона беше премногу тешка и многу силна конкуренција во мојот шампионат имаше вкупно пријавно 90 натпреварувачи, од кои што 58 натпреварувачи постојатно се натпреваруваа. Многу беше тешко, многу падови, многу повреди, но на крајот ни се оствари желбата, ни се оствари сонот и успеавме да го достигнеме врвот во овој шампионат“, вели Милајков за М Нет.
Во однос на ланската сезона, оваа сезона за Мијалков беше исклучително тешка, не само од аспект на силната конкуренција, туку и од неколку падови кои ги имаше за време на трките, но од кои стана уште посилен и мотивиран да стигне до шампионската титула.
„Следната сезона се надеваме дека ќе одеме во повисока класа, се надеваме дека поспремни од оваа сезона, ќе ни биде малку потешко нормално во оваа класа, но даваме се од себе за еве сепак пак да го достигнеме врвот“, дополнува Мијалков.
Мијалков за крај за М Нет телевизија истакна дека секој пад е ново искуство, повредите поминуваат, а успехот останува.
„Секој пад е ново искуство, така да повредите поминуваат, успехот останува“, заклучува Мијалков.
Пред Мијалков ќе следува дека нов предизвик настап во шампионат од повисок ранг, класа каде конкуренцијата ќе биде силна со мотори кои имаат значително поголеми и подобри перформанси.
Александар Ванев, М-Нет