
Низа настани предвидени во Пробиштип пред новогодишните и божиќните празници. Активностите ќе бидат пред се за најмалите децата, но има содржини и за повозрасните граѓани кои ќе може да уживаат пред празниците и квалитетно да го поминат своето време. Градоначалникот, Драган Анастасов посочи дека утре на градскиот плоштад е закажан настан за најмалите, а активности ќе има и во детските градинки и основните училишта.
„Полека завршува 2023 година и влегуваме во периодот на новогодишните и божиќните празници. Традиционално Општина Пробиштип организира повеќе настани пред се за најмалите наши сограѓани, кај дечињата во детските градинки, основните училишта. Она кое сакам да го најавам во деновите е 28 декември на градскиот плоштад во Пробиштип имаме забава за најмалите, ќе има низа артисти и забава секако со нивниот најспоскауван гост во овој период тоа е Дедо Мраз“ – вели Анастасов.
Агендата за Нова година во Пробиштип започна на 20 декември со посета на децата од детската градинка „Гоце Делчев“ кај градоначалникот Анастасов. За утре освен настан за децата ќе се оствари средба на градопначалникот со пензионерите како и со преставници на месните заедници. Во периодот од 26 до 29 декември се делеа социјални пакети за ранливите категории граѓани. Во програмата содржини има закажано и за наредната година одннонсо пред божиќните празници.
Лаура Стојанова М-Нет