Новата паркинг платформа во Штип уште неизградена предмет на шпекулации

Паркинг платформата, кој е во почетна фаза на изградба во централното градско подрачје во Штип, ќе има на располагање 40 места, многу повеќе отколку во моментов постојат во тој дел на градот. Со изградба ќе се започне откако ќе се дислоцира мостот, а ќе се гради околу половина година. Со нејзината изградба, ќе се решат многу проблеми со паркирањето како на штипјани, така и на сите останати кои доаѓаат во Штип, бидејќи во близина се наоѓаат повеќе значајни установи, рече денес градоначалникот Благој Бочварски и потенцираше дека оваа платформа ќе даде големи придобивки, но и ќе го смени сообраќајниот режим во тој дел.

-Размислуваме и за целиот овој потег, од Основниот и Апелациониот суд до Порта „Пролет“ да биде ослободен од паркинг места, со што таа улица да стане целосно проодна, двонасочна, а сите паркинзи да бидат сместени на оваа платформа. Со тоа, ќе овозможиме и Клиничката болница, којашто е регионална болница да има побрз и поефикасен пристап, но и сите оние обврски коишто ги обавува клиничката болница кон пациентите, кон оние итни случаеви коишто мора да одат во Скопје, да може брзо да излегуваат и многу побрзо да го напуштаат градот, со што ќе придонесеме до поефикасен транспорт и спасување на човечки животи – истакна Бочварски.

Во однос на незадоволството од граѓаните, кое беше изразено преку петиција за зачувување на овој хортикултурно уреден дел на градот, кој штипјани го користат за рекреација и уживање во природата, Бочварски истакна дека сите со идеја, може да се обратат во општината, да се разгледаат нивните барања и иницијативи и да им се објаснат потребите на општината, зошто е потребна платформата.

Тој ја дообјасни функцијата на платформата, дека нема да служи само за паркирање.

-Овде имаме уште еден момент, којшто возрасните луѓе и луѓето со хендикеп немаат можност да го користат овој премин сега, по скалите, па по овој мост во самото минорно корито на реката и да поминат кон социјалното и здравствениот дом. Едно од барањата на нив е да се направи мост во ниво на улица, со што ќе можат да го користат сите граѓани, така што оваа платформа ќе има два тротоари, со што ќе биде попристапна за сите граѓани и за возрасните луѓе и за сите оние коишто одат на преглед, коишто купуваат лекарства – рече градоначалникот Бочварски.

Бочварски истакна дека не сака да верува дека се работи за предизборни трикови и манипулации на одредени политички структури и нема да дозволи да се нанесе штета на развојот на градот доколку се работи за политички цели.

Инаку, оваа платформа е уцртана у урбанистички план во 2009 и во 2010 година, Тогаш никој немало да каже, или веројатно заради тоа што тогаш еднорежимска власт имаше, па не смееше никој ништо да збори, од друга страна оваа платформа јас ја најавувам од некаде пред 6-7 месеци и тогаш никој ништо немаше да замери и да каже. / Но секој оној којшто сака може да дојде и да поразговара, а не да се крие зад Фејсбук профили – потенцираше Бочваров.

Што се однесува до гласините дека платформата ќе биде приватна, за потребите на станарите во зградата Порта Пролече, Бочварски ги негираше, но потенцираше дека своевремено ВМРО-ДПМНЕ изградило импровизирана приватна платформа која ја користат само одредени групи на луѓе, наменета само за одредени структури.