Нова социјална станбена зграда ќе добие и Општина Штип, локацијата позната

И Штип ќе добие социјални станови за социјално загрозени семејства. На булеварот Партизнкска е предвидено да се изгради новата социјална станбена зграда, која ќе биде топол дом за семејства од социјален ризик. Министерот за Транспорт и врски, Благој Бочврски истакна дека се очекува до крајот на годината да започнат градежните активност.

„Имеме во нашата програма и обезбедено средства и проект за да наскоро се распише постапка и се влезе со реализција на уште еден социјална станбена зграда во Штип. Има парцела тоа е на булеварот Партизанска која е доделена како една од варијантите до Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, тие веќе изготвија проект и аплицираат за одобрение за градба. Очекувам дека во текот на наредната година веќе ќе се започнат работите со изградбата на нова социјална станбена зграда во Штип“ – кажа Бочварски.

Се очекува во наредните денови да се распределат и социјалните станови во Општина Виница, а следни за распределување ќе бидат стнбените згради во Општина Свети Николе.

Социјалните згради во Кочани и Пехчево се во завршна фаза.

„Можам да најавам во текот на наредните десет дена ќе се објави повикот за Општина Виница за новата социјална зграда која ја изградивме и е финално завршена со технички прием. Веднаш потоа ќе ја објавиме и социјалната зграда во Свети Николе.“ – додаде Бочварски.

Пред неколку дена кров над глава добија 24 социјално загрозени семејства во Општина Пробиштип, и се очекува по завршување на сите проверки до крајот на месецот да се вселат во своите станови, а уште 24 семејства ќе имаат можност да добијат топол дом со современи и нормални услови за живот.

Лаура Стојанова М-Нет