
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денес на терен изврши увид на неколку градежни активности кои се работат во населбата Света Недела во Штип со цел да се создаде нова и модерна инфраструктура. Во самата населба се работи на три локации, бетонирање на пристапни улици до главната улица Асном во близина на Мирјанина црква, уредување на плато за поставување на типски куќи и активности на паркот кај Мирјанина црква.
„Се наоѓаме во населбата Света Недела, овде се одвиваат неколку активности на три локации, се бетонираат пристапни улици до главната улица Асном која што води до познатиот манастир Св.Недела или мирјанина црква. Задачата која што ја претставивме пред нас е најпрво да направиме урбанизирање на овој неуреден дел од градот, полн со комунален неред. Да создаде соодветна инфраструктура затоа што најголем дел од жителите кои што имаат имотни листови на своите домови се жалат за намален пристисок на вода и несоодветни приклучоци на фекална канализација. “ – изјави Јорданов
Како што истакна градоначалникот Јорданов задача на локалната самоуправа е паралено на изведбата и на изградбата за уредување на населбата Света Недела, поврзување со соодветна подземна инфрструктура на сите легални имоти и објекти со цел да се зголеми притисокот на вода и сите корисници да бидат прилучени со фекална канализација.
„Паралено на ова се работи и на паркот кај миријанина црква, ова е предизборно ветување кое што го дадовме, а со завршувањето на активностите на овој парк со соодветна површина со самиот проект е предвидено да има луѓе кои што ќе работат за одржување на хигиената и одржување на инфраструктурата која што се создава и ќе биде создадена.“ – додава Јорданов
Активности во тек се одвиваат и на паркот кај Мирјанина црква кое е предизборно ветување, а по завршувањето на паркот предвидено е и поставување на луѓе кои што ќе работата за одржување на хигиената и одржување на ново создадената инфраструктура.
„Свесен сум дека овде треба да се работи на јавното мислење, на подигање на свеста на граѓаните, на комуналниот неред кој што се континурано создава, овде мора да се вклучат и другите институции, пред се мислам на СВР Штип и на другите институции.“ – додава Јорданов
Градоначалникот додава дека во населбата Света Недела се работи и на платото на кое ќе се постават типските куќи, вооедно треба да се вклучат и надлежните институции за воспоставување на јавниот ред и мир за создадената инфраструктура од страна на локалната самоуправа.
Лаура Стојанова, М-Нет