
Започна асфалтирањето на паркингот зад новата трибина на Градскиот стадион во Штип.
Во првата фаза се асфалтира паркингот зад стадионот, а потоа ќе следи и втората фаза – пробивање на нова улица која ќе го поврзе стадионот со новата автобуска станица и маркетот „Лидл“.
Со реализацијата на овој проект, граѓаните ќе добијат ново и подобро сообраќајно поврзување, а просторот зад стадионот ќе биде уреден и функционален.
Ева Тушевска, М-Нет