Ниту „Д“ од дерби: Лидерот Влазерими го декласираше Џепчишти, реми на Љуботен и Дрита

Наместо дерби лесна победа за лидерот Влазерими кој во меч од 16. коло од Трета лига – Запад го декласираше второпласираниот Џепчишти со 4:1.

Адили и Елези беа двојни стрелци за домашниот тим, а пак Саљиу погоди за гостинската екипа.

Камјани со двата гола на Јумни Салии славеше со 2:1 над Зајази. За гостинската екипа погоди Агон Хашими во 55. минута.

Љуботен и Дрита ги поделија бодовите играјќи 1:1, откако домашниот тим во 85. минута се спаси од пораз. Рушити погоди во 55. минута за 0:1, а домашниот тим на пет минути пред крајот на меч дојде до конечните 1:1 со голот на Костадиноски.

Мечот меѓу Речица и некогашниот прволигаш Напредок од Кичево не се одигра, откако екипата на Напредок по чекање од 30 минути не се појави на теренот, па ова ќе биде службена победа за Речица.

Влазерими е лидер на табелата со 44 бодови и веќе се подготвува за баражот за Втора лига. На 2. место е Џепчишти со 34 бодови, Дрита е трета со 30 бод, Речица е на четвртото место со 18 бодови, Зајази е петти со 17 бодови.

Љуботен е шести со 14 бодови, Камјани е седми со 13 бодови, а Напредок е на дното со 12 бодови.

Александар Ванев, М-Нет