
Борец е се поблиску до баражот за Втората лига, откако денес со 2:1 го доби дербито со Превалец на Градскиот стадион во Велес, во меч од 17. коло од Трета лига – Југ.
Некогашниот прволигаш преку Пеце Стојанов во 15. минута дојде до водство од 1:0, а во 40. минута Иванче Давитков постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел велешани со голот на Трајче Трајков во 73. минута дојдоа до конечните 2:1, со што Борец ги собра трите бодови.
Младост во Кривогаштани му ги расипа математиките на Големо Коњари откако двете екипи ремизираа играјќи 1:1. За гостинската екипа Борче Сркески во 12. минута погоди за 0:1, а домашниот тим во 62. минута со голот на Дарко Чапкуноски дојде до конечните 1:1.
Ултрас на домашен терен беше убедливо поразен од Питу Гули со резултат од 1:3. Домашниот тим со голот на Тошески имаше 1:0 на полувреме. Во вториот дел Аимоски беше двоен стрелец за 1:2, а Стрезовски ги постави конечните 1:3.
Росоман со 2:3 слави голема победа над „фенерџијата“ Бучин. За домашниот тим Благојче Ефтинџиоски беше двоен стрелец, а за гостинската екипа двоен стрелец беше Слободан Дуков, а пак стрелец на третиот гол беше Бојан Миланов.
Мечот меѓу Слога и Марена не се одигра, откако како што ексклузивно дознава телевизија М Нет, гостинската екипа не пристигнала во полн состав. Еден автомобил пристигна на теренот каде требало да се одигра натпреварот со четворица играчи, додека пак како што известиле истите останатите играчи од гостинската екипа при дефект не можеле да пристигнат на натпреварот.
Ова значи и службена победа и службени три бода за Слога.
Во однос на табелата Борец е лидер со 36 бодови, Росоман е втор со 33 бодови (но има меч повеќе), Големо Коњари е трет со 31 бод, Превалец е на 4. место со 30 бодови. Слога е петта со 25 бодови, Питу Гули е шести со 24 бодови, Младост е седми со 19 бодови, Ултрас е осми со 14 бодови, деветта е Марена со 11 бодови, Локомотива е десетта со 10 бодови, а на дното е Бучин со седум бодови.
Александар Ванев, М-Нет