
Некогашниот второлигаш Кораб со убедливи 0:6 го декласираше составот на Светлост во Кукуречани, во рамки на 13. коло од Трета лига – Југозапад, со што екипата од Дебар на вакви натпревари се загрева за баражот за Втора лига.
Ујкан Муча беше двоен стрелец, а по еден гол постигна Леш, Мерсовски, Војка и Амбари.
Лирија со минимални 1:0 го доби дуелот со Влазними, а стрелец на победничкиот гол постигна во 3. минута беше Аљбион Мурати.
На Градскиот стадион во Ресен се одигра дербито на колото каде Кравари со 0:2 славеше над Преспа со погодоците на Кебаковски и Ризовски.
Екипата на Сатеска која требаше да игра со откажаниот Јанг Тим одмараше, а одмараше и екипата на Демир Хисар.
Кораб и осамен на врвот од табелата со 30 бодови, втор е Кравари со 21 бод, на третото место е Лирија со 20 бодови. На 4. место е Демир Хисар со 19 бодови, Преспа е петта со 16 бодови, на 6. место е Јанг Тим со девет бода, Влазними е седми со девет бодови, како и Светлост кој е осми. На последното деветто место е Сатеска од Волино со шест бода.
Александар Ванев, М-Нет