
Ковид бројките растат секојдневно како на територијата на државата така и во Општина Штип. Првиот човек на градот под Исарот е во изолација од саботата кога по контакт со заболено лице самиот тој се повлекува во самоизолација. Истото тој го објавува на својот фејсбук профил. Од овде и распламтеноста во јавноста и невкусните коментари како од граѓаните така и од опозициската партија за функционалноста на општината и болничките институции. За сомнежите да стивнат, побаравме одговор од градоначалникот на Штип, Николов, кој во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека не е позитивен на Ковид 19 и дека од понеделник се враќа на работа.
„Минатиот петок, после моите работни активности во општината, дојдов да прегледам еден пациент кој што, неколку колеги од Кардиолошкото одделение го прегледуваа и беше главната дилема дали е кардиолошки пацинет или не. Кога го завршивме прегледот, имав контакт јас со тој пациент, излезе дека не е кардиолошки пациент, дека станува збор за ковид позитивен пациент, при што сите колеги кои стапивме во контакт со него се ставивме во самоизолација. Направивме брзи ковид тестови и мојот излезе негативен. Направив уште еден коивд брз тест но повторно излезе негативен.“ – истакна Николов.
Коментарите од јавноста беа насоечени и кон слободното движење на сопругата на првиот човек на Општина Штип, која во понеделникот е забележана во центарот на град и покрај објавата од градоначаникот дека е во самоизолација. На тоа Николов одговори дека тој од петокот не е во контакт со неговото семејство.
Самоизолацијата во која заради одговорност кон граѓаните самоволно се стави градоначалникот на Општина Штип Николов, завршува во недела. Тој од понеделник се враќа на својата работа.
Лаура Стојанова М-Нет