Ќе се движат ли штипјани во недела по нова асфалтирана улица?

Во централното градско подрачје во градот под Исарот, се работи на подобрување на изгледот и можностите за граѓаните. Еве од денеска требаше да започне реконструкција, односно асфалтирање на улицата „Ванчо Прке“ во Штип. Но, што се случи? Уште од изутрина сообраќајот по таа улица беше блокиран, односно забрането беше минување и паркирање на моторни возила. И само толку. Активностите требаше да започнат со гребење на асфалтот, но како велат старите кога нешто не оди едноставно не оди. Заради проблеми со машина работата беше стопирана. До 13 часот активностите сеуште не беа отпочнати, а се очекува во сабота попладне улицата да биде завршена и асфалтирана. За денеска и утре беше предвидено гребење на асфалтот а сабота асфалтирање. Овој проект е во надлежност на општината за урбанизација на општината, а градежните активности се преземаат од страна на приватна компанија.  Проблемот со машината беше непредвиден, но надлежните велат дека работите че се одвиваат во предвидениот рок. Прашањето е дали во сабота штипјани ќе имаат нова асфалтирана реконструирана улица во централното градско подрачје?

Лаура Стојанова М-Нет