Пратениците на ВМРО ДПМНЕ имаат само македонски пасош е ставот на Милошоски

Објавувањето на списокот од страна на Каракачанов за функционери кои имаат Бугарско државјанство, како што се пратениците од ВМРО ДПМНЕ наиде на остра критика од страна на Милошоски, кој од Штип денеска истакна дека ова е само слаб обид да се дефокусира состојбата со нефункционалноста на државата и вниманието да се сврте на друга страна.

„Краток е нашиот коментар. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ се граѓани на Република Македонија и само на Република Македонија, но кога има скандал за фантом фирми, фантом вакцини има и список за фантом пасоши“ – истакна Милошоски.

На новинарско прашање дали можеби и Милошоски е дел од оние функционери со Бугарско државјанство и дали тој има Бугарски пасош, Милошоски не даде конкретен позитивен или негативен одговор.

„Јас повторно ќе кажам дека пратениците во ВМРО ДПМНЕ, имаат само и само македонски пасоши“ – кажа Милошоски.

Дека партениците на ВМРО ДПМНЕ имаат само македонски пасош и гласаат единствено во нашата држава е лесно да се докаже истакна Милошоски, посочувачки дека тоа може да го стори секој.

Лаура Стојанова М-Нет