Нема судиски грешки на мечот Арсими – Детонит, судиска организација не е задоволна од менаџирањето на главниот судија

Во судиската анализа за 18. коло од Втората македонска фудбалска лига, судискат комисија ги разгледа спорните моменти од натпреварот Арсими – Детонит Плачковица, кој се одигра во Голема Речица, и притоа ги излезе следните заклучоци.

  • ВО ПРИЛОГ АНАЛИЗАТА НА СУДИСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ АРСИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА:

На натпреварот ФК Арсими – ФК Детонит одигран на 02.03.2024 година, анализирани се ситуациите од 16, 58 и 90+2 минута.

“Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Филип Ицковски и Александар Николовски.

16 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За досудено офсајд позиција на гостински играч, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч кој при додавањето се наоѓаше во очигледна недозволена офсајд позиција (позади предпоследниот играч од одбраната на домаќините), истиот играч ја додаде топката до друг соиграч кој постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија за сигнализирано офсајд позиција на гостински играч, бидејќи при додавањето на топката од својот соиграч, играчот на гостите се наоѓаше во очигледна недозволена офсајд позиција (позади предпоследниот играч од одбраната на домаќините).

58 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, околу него се наоѓа повеќе играчи од гостинската екипа, еден од играчите на гостите сакајки да ја избие топката направи недозволен лизгачки старт на ногата на домашниот играч, притоа без да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините поради недозволен старт на нога на играч на гостите над противнички играч.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу настанот и имаше јасна прегледност.

90+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досудено слободен удар (игра со рака) на гостински играч и поништен гол за гостинската екипа, при резултат 2:1)

Центрирана топка од корна е за екипата на гостите, топката дојде до играч на гостинската екипа, истиот ја шутна топката кон голот на домаќините, топката беше изблокирана од играч на домаќините, но топката пак се одби до играчот на гостите кој ја прими топката со тело (стомак) и потоа го удри во раката по што упати удар кон голот и постигна гол.

Исправна проценка на главниот судија, голот е поништен и досуден слободен удар за домашната екипа, бидејќи пред постигнување на голот, играчот што го дава голот игра со рака.

На овој натпревар судиска организација не е задоволна од менаџирањето на главниот судија, поточно од неговото движење и досудување некои слободни удари за обете екипи кои не влијаеа на резултатот но беа донесени од голема дистанца.

Александар Ванев, М-Нет