Неколку второлигаши со амбиции за Прва лига, некои од „сенка ќе напаѓаат“ за место во елитата, најголем дел сакаат само опстанок

Времето за подготовки за новата сезона 2026/2027 во Втората македонска фудбалска лига завршува, викендот ќе започне новата сезона со мечевите од првото воведно коло.

Изминатиот период некои второлигаши се подготвуваат подолг и одиграа повеќе пријателски натпревари, некои почнаа народски кажано во „5 до 12“, па и немаа многу време за пријателски натпревари, со доста измени и новитети во пропозициите.

Второлигашите ќе треба да стартуваат со тројца играчи до 21 година и со еден до 19 години, а треба и така го завршат натпреварот односно да имаат четири млади фудбалери во текот на целиот меч.

Првите две екипи ќе имаат директен влез во Прва лига, а третиот ќе игра бараж за влез во Прва лига, а пак последните три екипи ќе испаѓаат директно во Трета лига, баражи за опстанок ќе нема.

Фаворитската улога ќе ја имаат Пелистер и Охрид како екипи кои имаат отворени амбиции за Прва лига, од сенка тука ќе бидат повеќе екипи кои ќе се тркаат за место кон елитата. Доста екипи ќе бидат со речиси нов линк од минатата сезона, многу екипи ќе се потпираат во целост на млади играчи. Втората лига ќе го има тој прволигашки шмект по имињата на екипите кои ќе се натпреваруваат во овој ранг во сезона 2026/2027, но многу екипи нема да форсираат за Прва лига, односно ако има се укаже шанса.

Кога е во прашање опстанокот мора да се напомене фактот дека баражи за опстанок ќе нема, и тука веќе ќе има притисок за опстанок, бидејќи ќе треба екипите да бидат во топ 11, останатите три позиции односно 12-тото, 13-тото и 14-тото место водат кон Трета лига.

Дебитант ќе биде Камјани, минатата сезона од Прва лига испаднаа Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Брера Струмица и Шкупи, а пак нов третолигашо покрај Камјани е и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.

Во рамки на првото коло Брера Струмица ќе игра против Еуромилк ГЛ на домашен терен, Беласица ќе го пречека Осогово, Македонија ЃП против Тетекс, а пак Охрид против Новаци. Екипата на Пелистер ќе го пречека дебитантот Камјани, Работнички против Кожуф, а пак Шкупи ќе оди на дуел против Детонит Плачковица.

Александар Ванев, М-Нет