
Одбојкарскиот клуб Младост УГД од Штип, кој се натпреварува во Првата женска лига на Македонија продолжува со креирањето на тимот за сезона 2026/2027.
Штипскиот клуб ја продолжи соработката со Мила Вакувска и за следната сезона.
„Нашиот коректор останува дел од тимот и во сезоната 2026/27. Со истата енергија, борбеност и желба за успех, продолжуваме заедно кон нови предизвици и нови победи“, велат од клубот откако споделија дека е продолжена соработката со Вакувска.
Претходно, тимот ја продолжи соработката со Сара Стојанова која игра на позицијата примач, а беше комплетиран и стручниот штаб со Кристина Лазаровска, Благој Тасев, Иван Ристов и Борис Лазаровски.
Александар Ванев, М-Нет