Најдолгиот месец во годината си го зема данокот на штипскиот пазар

Малку пазарџии, малку купувачи, слаб пазарниот ден во Штип. Навидум „најдолгиот“ месец во годината полека ги цеди џебовите на штипјани, кои се незадоволни и од цените во маркетите и од цените на пазарот. За празниците се подготвуваат, ама едвај со малку финансии.

Месецов не се полнат ниту џебовите на продавачите, особено по празниците, велат тие, пазарот е многу слаб. Граѓаните како и постојано се жалат на високи цени, кои, пак, за нив се ниски и е неисплатливо, ама и граѓаните веќе се имаат навикнато на повисоките трошоци.

Јануари како месец по Нова година, со многу празници, за граѓаните вообичаено е најдолг месец. А по празниците, побарувачката е слаба и на други пазари во Истокот, имајќи предвид дека на ова вчера се жалеа и продавачите од кочанскиот пазар.

Ребека Спасова М-Нет