
Вчера во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека околу 13.30 часот на регионалниот пат Пробиштип – село Крупиште, кај село Гујновци, Р.А.(29) од Кочани, управувајќи патничко возило „опел корса“, во кое се превезувале неговата сопруга, нејзиниот брат и нивните малолетни деца, од патничко возило „голф“ им бил попречен патот, при што Ј.Ј.(36), Д.Ј.(35), С.Ј.(58) сите од село Режановце – кумановско, и С.Т.(59) и Н.Т.(31), двајцата од село Амзабегово, светиниколско, излегле од возилото и со камења почнале да маваат по возилото „опел корса“, ги скршиле стаклата и физички ги нападнале Р.А. и неговото семејство. По целосно комплетирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.