Повторно опожарен автомобил во Штип

Утринава повторно гореше автомобил во Штип. На улица „Сутјеска“ настанал пожар на патничко возило „БМВ“, сопственост на З.Ч.(34) од Штип, од кој било зафатено и патничко возило „шкода фабија“. Увид на местото изврши увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.