
Една од најголемите населби во Штип, населбата Баби местото за нови промени предводени од ВМРО ДПМНЕ. Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов заедно со Дејан Здравков и Марија Атанасова кандидати за советници ветуваат новитети во оваа населба, детски, спортски изгралишта и многу други содржини.
„На „Бабите“ како една од најголемите населби во Штип и ставаме посебен акцент во нашата програма. Нашата визија е во срцето на населба „Баби“, да го направиме најубавиот парк во градот кој ќе изобилува со спортски, детски и други убави содржини. Со проширување на капацитетите во детската градинка во населба „Баби“ и доградба на две нови простории ќе овозможиме згрижување на секое дете од мојата населба. Во оваа населба промените ќе ги направиме заедно со жителите. Со чисто срце и голема мотивација ќе креираме модерна инфраструктура“
Караванот на ВМРО ДПМНЕ вечерва продолжува на средба со граѓаните од населбата Баби.
Ребека Спасова М-Нет