
Пораснат бројот на ковид хоспитализрани пациенти во штипската болница. Во последното деноноќие новопримени се седум лица, а нема испишано ниту едно. Бројот на хоспитализирани е 50, од кои 45 во модуларната ковид болница и пет на Кожното одделение кое работи како ковид оддел. Од хоспитализираните 35 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 пациенти. Едно лице од Делчево на 59 годишна возраст починало во штипската болница поради последици од ковид 19. Слободни моментално се две места во модуларана болница и шест на кожното одделени, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани хоспитализирани се седум пациенти на интерното одделение кое работи како ковид оддел. Од нив четири се вакцинирани, тројца се на кислородна поддршка. Во последните 24 часа новопримени се двајца пациенти, а испишан само еден. Слободни се 20 кревети информираат од болницата.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.
Лаура Стојанова М-Нет