Составот на СДСМ денес е обврза за булеварско решение за „Партизанска“

Булеварско решение за булеварот „Партизанска“ е новиот проект од програмата за кој се обврза составот на СДСМ. Носителот на советничката листа, Александар Мишев, истакна дека она што го ветуваат е само продолжување на веќе реализираните капитални проекти, а е од особено значење за граѓаните.

„Еден од капиталните проекти кој ќе го реализираме во следниот мандат е булеварското решение на оваа улица „Партизанска“. Повеже од 30 години булеварското решение на оваа улица стои како не завршен проект. Оваа сообраќајница е од особено значење затоа што обезбедува брз проток на на возилата низ централното градско подрачје кон урбаните заедници Баби и Караорман, а потоа врска и со соседната општина Карбинци“ – кажа Мишев.

Мишев ја побара поддршката од граѓаните, бидејќи истата ќе била мотив да продолжат со повеќе работа.

Тој додаде дека она што им се нуди на граѓаните со нивната програма биле проекти за подобрување на инфраструктурата, образованието и подобри услови за живеење во Штип.

Ребека Спасова М-Нет