Наместо на годишен одмор граѓаните во Штип одмораат под сенка, толку дозволуваат условите

Сонце, вода, плажа… И додека поголем дел од административците, пратениците вработените во јавнио сектор заминаа на годишен одмор штипјани се одмораат под сенка во централното градско подрачје. Анкетираните граѓани велат од годините наназад редовно оделе на одмор, а сега примања има колку за најоснвното, а во тое не припаѓа и годишниот одмор.

„Тешка работа, пензиите се мали, 90% се со мали пензии. Младите ако работат ќе одат на одмор ако не нема. Ние секоја година порано одевме на одмор, да се врати тоа време мислам подобро ќе биде“

Во меѓувреме пораснаа и цените на поголем дел од аранжманите во туристичките агениции, со што за граѓаните уште потешко е да се дозволат одмор дури и на неколку дена. Во државата велат можеби има шанси да се посети некоја летна дестинација, но за надвор од границите на државата во моментот не се ни размислува.

Лаура Стојанова М-Нет