
Што добија граѓаните од политичките партии во изминатите три децении во Македонија. Мислењата во Штип се поделени. Едни гледаат напредок и позитивни промени, други разочараност и нереалнизирани очекувања. Секој со своја перспектива, оформена од секојдневнието што го живее.
Младите претежно во странство, а оние кои остануваат со отворени очи внимаваат за да заштедат, додаваат анкетираните. Дека Македонија се уште има надеж, децидни се тие
Иако мислењата се поделени, сепак надежта за подобро утре останува заедничка за сите . Повозрасните се надеваат дека младите ќе се вратат, ќе најдат работа со добра плата и ќе продолжат да живеат тука, заедно со нив, во својот роден крај.
Иван Митев, М-Нет