
Во рамки на второто коло на Првата женска ракометна лига екипата на Овче Поле СУ ја декласираше Стружанка на гостински терен во меч каде ракометарките од Свети Николе беа убедливи.
Новајлијата Атлетик со превисоки 19:28 го доби тимот на Деспина на гостински терен, а пак Јехона го декласираше тимот на Шампион со 13:32.
Во рамки на второто коло слободна беше екипата на Ѓорче Петров 2.
Во однос на табелата сите екипи имаат по два бодови, но Атлетик и Ѓорче Петров 2 имаат само еден одигран меч во однос на другите кои имаат по два натпревари, само тимот на Шампион нема бодови по два одиграни натпревари.
Во рамки на третото коло Јехона на домашен терен ќе игра против Деспина, Овче Поле СУ како фаворит ќе се соочи со Шампион во меч каде ракометарките од Свети Николе ќе бидат големи фаворити за триумф, а пак дербито ќе го одиграат Атлетик и Ѓорче Петров 2.
Александар Ванев, М-Нет