
Над сто сообраќајни несреќи се регистрирани во периодот од ноември минатата година до ноември годинава, само во Источниот дел од државата. Статистиката покажува дека најголем дел од сообраќајните незгоди завршиле со лесно повредени учесници во сообраќајот. Но, во овој временски период регистрирани се и три сообраќајни несреќи со четири чртви. Роберт Рогожаров вели дека бројката на сообраќајки со жртви е намалена, бидејќи во 2023 година имало седум несреќи и девет жртви.
„Секоја трета недела во месец ноември, ден недела е прогласен за ден на жртвите од сообраќајни несреќи. Од месец ноември минатата година до ноември оваа година имаме три сообраќајни незгоди со четири жртви, со тешки телесни повреди имаме 38 сообраќајни несреќи со 42 поврдени лица и има 68 сообраќајни несреќи со 129 полесно повредни лица.“ вели Рогожаров.
Проблемот за сообраќајните несреќи според Рогожаров треба да се решава преку едукации пред сѐ кај помладите, а сообраќајните правила и прописи да важат за сите поеднакво. Само на таков начин може да се намали бројот на жртви кои го оставаат својот живот по патиштата.
„Сметам дека тие едукации би требало да бидат почести и најчесто извршителите на овие мерки помалку да бидат толерирани.“ – додава Рогожаров.
Според Рогожаров недостасуваат повеќе стручни лица за организирање на сообраќајот и вели потребно е да се работи на ова поле со цел да има помалку сообраќајни несреќи.
Лаура Стојанова М-Нет