Голема победа за штипски Соколи откако беше совладен Ангели во дербито на колото!

Вечерва во Штип се одигра дербито на 6. коло од Втората кошаркарска лига, откако Соколи во спортската сала „Јордан Мијалков“ со 72:68 славеа над Ангели.

Овој меч беше од капитална важност за штипските кошаркари на патот кон пласманот за Прва лига, а во Штип вечерва се слави големата победа на Соколи.

Штипскиот второлигаш останува на врвот од табелата со 11 бодови, колку што има Борец Баскет кој е втор и Црн Дрим кој е трет на табелта.

Повеќе детали за натпреварот во текот на утрешниот дел во вестите на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет