Над 6.200 станови изградени само лани, најмногу инвестирале деловните субјекти

Околу 6.200 станови се изградени во 2025 година, покажуваат најновите податоци на ДЗС.
Од нив, речиси 3.800 се изградени од деловни субјекти, а над 2.500 од индивидуални сопственици.
Деловните субјекти вложиле над 44 милијарди денари, а индивидуалните сопственици околу 16 милијарди денари.

„Во 2025 година, деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 44.5 милијарди денари и завршиле 3 733 станови

Во текот на 2025 година се градени вкупно 1 852 објекти и завршени се вкупно 3 733 станови со вкупна површина од 280 644 м2, од кои 3 677 се во индивидуална сопственост.“, велат од ДЗС

Како што се гледа од статистиката, индивиудалните сопственици изградиле 2 518 станови на површина од 320 404 м2, од кои 92 се станови во викенд куќи.

„Во 2025 година индивидуалните сопственици изградиле 2.518 станови и вложиле околу 16,2 милијарди денари.
Изградени се 2.113 објекти со вкупна површина од 320.404 м², од кои 92 станови се во викенд-куќи“, додаваат оттаму

Според информациите, најмногу се градело во полошкиот, скопскиот, југоисточниот регион, а помалку во источниот и вардарскиот регион.

Иван Митев, М-Нет