Над 50 казни од 200 инспекциски надзори за непочитување на Законот за заштита од пушење

Над 200 инспекциски надзори и над 50 прекршочни платни налози од Државниот пазарен инспекторат за непочитување на Законот за заштита од пушење. Инспекциските надзори на територија на државата во согласност со надлежностите извршени се во периодот од 10 до 14 јануари. Од Инспекторатот апелираат почитување на законот, бидејќи казните се високи.

„За време на надзорите утврдени се неправилности односно непочитување врз основа на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето, за што се издадени 56 прекршочни платни налози. Напомнуваме дека казните се високи, па токму затоа даваме апел и известување до правните субјекти врз кои се врши контролата, Законот да се почитува, а граѓаните доколку забележат прекршување на овој закон, да го искористат своето законско право, поднесувајќи пријава до Државниот пазарен инспекторат.“, велат од ДПИ.

Инаку, според Законот казната за правно лице кое ќе го прекрши Законот за забрана за пушење е од 2.000 до 4.500 евра, а од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во правниот субејкт.

Ребека Спасова М-Нет