Над 200 учесници ќе бидат дел од Ротари трката 2023 по улиците во Кочани во недела

Во недела ќе се трча по кочанските улици. Ротари клубот Кочани – Виница организира трка која се реализира по улиците во центарот на градот, а започнува во 11 часот. Претседателот, Сашко Андонов апелираше до граѓаните да ги отстранат паркираните возила, за да може трката да се реализира без потешкотии. Истовремено посочи дека ќе има времен режим на сообраќај, оти дел од улиците ќе бидат затворени. Со ова се потенцира дека последните подготовки се при крај.

„Последните подготовки се при крај за организација на Ротари трката 2023 која ќе се одвива по кочанските улици. Дел од улиците во недела на 28 мај ќе бидат затворени. Ќе биде добро во сабота да се ослободат улиците и од паркирани возила, оти во недела трката започнува во 11 часот. Стартот ќе биде пред градскиот парк“ – вели Андонов.

Досега се пријавени околу 200 учесници кои ќе бидат дел од трката, а Андонов истакна дека очекува бројката да надмине 200. Богата целодневна програма е предвидена за во недела, па посочи дека ако не се трча може барем да се гледа и да се нуди поддршка.

„Очекуваме над 200 учесници на трката. Веќе има пријавено околу 200, има и пригоден хепенинг, ќе има целодневна забава за сите.“ додава Андонов.

Учесниците ќе трчаат на пет и десет километри, а годинава ќе има и семејна трка на 2,5 километри. Истата е од хуманитарен карактер.

Лаура Стојанова М-Нет