Зошто невработеноста е со двоцифрена бројка, а младите егзистенција бараат во странство?

Огласи за вработување, плати над минималната, подобри услови за работниците, а сепак двоцифрена стапка на невработеност во државата. Младите бараат подобри услови за егзистенција надвор од границите на дражавата, работат во регионот бидејќи како што велат за иста работа земаат многу поголема плата. Од друга страна загрижува фактот кој потврдува дека во државата се намалува бројот на работници, па работодавачите бараат работник плус.

Зошто имаме двоцифрена стапка на невработеност, а младите егзистенција бараат надвор од границите на државата прашаваме на терен во Штип. Пред се повозрасните акнетирани граѓани велат дека потребна е поголема мотивираност и плата за младите даостанат и да работат во државата. Додаваат дека има паметни граѓани, кои своето знаење го користат во некоја друга држава.

„Мислам дека има и работни места, како што гледам има шанси да и се отварат нови, ама и младите треба да си ја сакаат работата тука. Сите ние на страна гледаме подобар живот, ама треба да се знае дека и тука има добар живот ако се добро организираше, добро работеш. Треба младите да се мотивираат за да се задржат во државата“ – велат граѓаните на терен.

Огласи за вработување може да се најдат и на Агенцијата за вработување и тоа во речиси сите дејности, и во сите опшптини во државата. Најголем број слободни места има за разбоотници во услужните дејности и продажба.

Лаура Стојанова М-Нет