
Во четврток, 21 април, во организација на НУЦК Дом на култура “Ацо Шопов” ќе се одржи традиционалната манифестација “Шарено велигденско јајце”, на која ќе се избере најдобро украсено велигденско јајце. Наградата оваа година ќе изнесува 30.000 денари. Се повикуваат граѓаните, во периодот од 11 до 14 часот, да ги достават своите украсени велигденски јајца во просториите на Домот на културата, а фотографијата од јацето и генералиите: име и презиме и телефон за контакт да се достави на меил: [email protected]. Резултатите ќе бидат соопштени во 14 часот од комисија којашто ќе ги разгледа и ќе одлучи за наградата.