Навршуваат 44 години од раѓањето на музичката ѕвезда Тоше Проески, граѓаните длабоко се сеќаваат на него

Денеска навршуваат 44 години од раѓањето на нашата и балканска голема музичка ѕвезда Тоше Проеки, ангелот на земјата со големо срце чиј живот предвремено згасна. Роден во 1981 година во Крушево во домот на семејството Проески, кој во теокот на својот краток живот остава голем траг на музичката сцена. Дека тој има удел во секој еден македонец, сведочат анкетирантите за М-Нет телевизија, кој длабоко во себе секогаш го носат во своето срце.

За жал, нашата легенда со ангелски глас ја изгубивме во далечната 2007.

Но, тој не е заборавен. Неговото присуство го чувствуваме секојпат кога ќе чуеме некоја негова песна на нашите радио станици или пак ќе погледнеме некоја стара фотографија од него.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет